Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ја одржа на 07.02.2024 година (среда) со почеток во 14:00 часот преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 3-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.01.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.01.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 29.01.2024 година.
- Разгледување на Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 1 октомври до 31 декември 2023 година.
- Предлог за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата на РА Балкан ФМ од Гостивар.
- Предлог-одлука за усвојување на Конечниот извештај и Пописните листи од извршениот попис во Агенцијата аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Авионски билети.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Ревизорски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Финансиско осигурителни услуги.
- Разно.