53-та седница на Советот за радиодифузија од14.11.2012 година (среда), со почеток во 11,00 часот.
1. Усвојување на Записникот од 47-та седница на Советот, одржана на 22.10.2012 година.
2. Усвојување на Записникот од 48-та (ЈАВНА) седница на Советот, одржана на 24.10.2012 година.
3. Усвојување на Записникот од 49-та седница на Советот, одржана на 31.10.2012 година.
4. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радио телевизија, Прв програмски сервис на МРА, реализиран на 5 октомври 2012 година
5. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радио телевизија, Втор програмски сервис на МРА, реализиран на 5 октомври 2012 година.
6. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радио телевизија, Трет програмски сервис на МРА, реализиран на 5 октомври 2012 година.
7. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис Радиодифузно трговско друштво РОС Метрополис Радио Доо Скопје, емитуван на 5 октомври 2012 година.
8. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД РАДИО КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, емитуван на 5 октомври 2012 година
9. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД РАДИО АНТЕНА 5 Петров, Јаневски и Гушев ДОО Скопје, емитуван на 5 октомври 2012 година.
10. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД ТВ ЧЕГРАНИ МЕДИА ДООЕЛ с.Чегране – Гостивар, емитуван на 10 октомври 2012 година.
11. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово емитуван на 13 октомври 2012 година.
12. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД ТВ Кисс, Злате ДООЕЛ Тетово емитуван на 12 октомври 2012 година.
13. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар емитуван на 10 октомври 2012 година.
14. Информација во врска со Мислењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за Предлог – Правилникот за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите во Советот и Предлог – Упатството за ничинот на водење на евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Советот.
15. Предлог-Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Советот за радиодифузија на РМ.
16. Предлог – упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Советот за радиодифузија на РМ.
17. Информација за ТРД Еко-проект Доол експорт-импорт Крива Паланака со Предлог-Одлука за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ДПТУ „ЕКО – ПРОЕКТ“ ДООЕЛ експорт – импорт Крива Паланка.
18. Информација за ТРД Новател-плус ДООЕЛ Прилеп со Предлог-Одлука за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТРД „НОВАТЕЛ – ПЛУС“ ДООЕЛ Прилеп.
19. Информација за исполнувањето на изречени мерки во врска со прекршување на одредбите од член 20 од Законот за радиодифузната дејност.
20. Конечен Извештај за извршената ревизија врз менаџментот и структурата на контролите на ИПА групата назначени во Советот за радиодифузија што е предвидена во Годишниот план за внатрешна ревизија за 2012 година.
21. Извештај од анализата на серијалот „Тудорите“, емитуван на програмскиот сервис ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ, Скопје.
22. Извештај од мониторингот на серијата “Долина на волците” што се емитува на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ, Скопје.
23. Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво РАДИО КАВАДАРЦИ ДОО Кавадарци.
24. Предлог – одлука за набавка за потребите на Советот за радиодифузија на РМ.
25. Извештај за 67-та средба на правници, одржана во Охрид од 25 октомври до 27 октомври 2012 година, подготвен од м-р Андриана Скерлев – Чакар и од м-р Тања Пачоска.
26. Разно.
Записникот од 53-та седница на Советот за радиодифузија може да го превземете тука.