Советот за радиодифузија ја закажува 54-та седница за 04.11.2013 година (понеделник), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 50-та седница на Советот, одржана на 16.10.2013 година.
2. Информација за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, по доставени пресметки на 18-ти октомври 2013 година.
3. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радиотелевизија Скопје, Прв програмски сервис на Македонско радио – Радио Скопје, емитуван на 8 октомври 2013 година.
4. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радиотелевизија Скопје, Втор програмски сервис на Македонско радио – Радио Скопје, емитуван на 8 октомври 2013 година.
5. Извештај од мониторингот на ЈП Македонска радиотелевизија Скопје, Трет програмски сервис на Македонско радио – Канал на етнички заедници, емитуван на 8 октомври 2013 година.
6. Информација за постапувањето на радиодифузерите по изречените мерки и упатените укажувања поради неисполнување на обврската за
доставување на податоци за економското работење во 2012 година.
7. Информација за постапувањето на радиодифузерите по изречените мерки од страна на Советот, поради неисполнување на обврската за објавување на податоците од работењето во претходната година на 31 март 2013 година.
8. Информација за постапувањето на радиодифузерите по изречените мерки од страна на Советот, поради неисполнување на обврската за објавување на податоците од работењето во претходната година на 30 јуни 2013 година.
9. Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво АЛСАТ-М ДОО
Скопје.
10. Барање бр.11-428 од 29.10.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.13 на Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје.
11. Извештај од работилници на тема „Аудиовизуелните индустрии во Македонија – насоки за развој на нови политики“, одржани на 18 и 19 октомври 2013 година, во хотел Радика, Маврово.
12. Извештај од конференцијата „Добри практики и предизвици во финансирање на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи“ во хотел Арка, Скопје, 30-31 октомври 2013 година.
13. Извештај од 69-та средба на правниците одржана во Охрид, во периодот од 24 до 26 октомври 2013 година.
14. Разнo