Советот за радиодифузија ја закажува 55-та седница за 07.11.2013 година (четврток), со почеток во 13,00 часот. За седницата се предлага следниот:
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 51-та седница на Советот, одржана на 24.10.2013 година.
2. Нацрт-Ревизија на Националната Програма за усвојување на европското законодавство НПАА 2014.
3. Информација во врска со доставеното барање на Институтот за општествени и хуманистички науки, бр.03-4223/1 од 30.10.2013 година (бр.61/2013 од 30.10.2013 година), за потребата од измена на Договорот за јавна набавка бр.03-3607/1 од 29.08.2013 година (37/2013-2 од 06.09.2013 година), со предлог – заклучок.
4. Предлог-Правилник за техничките, просторните, финансиските и кадровските услови за добивање дозвола за вршење радиодифузна дејност.
5. Предлог-Одговор на Барањето од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.
6. Разно