Седница бр. 57 од 03.12.2012

57-та седница на Советот за радиодифузија на Република Македонија од 03.12.2012 година (понеделник), со почеток во 11,00 часот.

 

 

Д н е в е н   р е д

 

 

1.    Усвојување на Записникот од 54-та седница на Советот, одржана на 19.11.2012 година.

2.    Предлог – Прирачник за изрекување и извршување на мерки кои Советот за радиодифузија  на РМ им ги изрекува на радиодифузерите и операторите на јавни комуникациски мрежи.

3.    Предлог – Прирачник за оценување на медиумскиот плурализам (Внатрешен плурализам).

4.    Предлог – Прирачник за создавање на пазарни услови за одржлив економски раст на медиумската индустрија и фер конкуренција.

5.    Работна верзија на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност за периодот 2013 – 2017 година.

6.    Барање бр.11-402 од 23.11.2012 година, за дополнување на регистрираниот дигитален пакет програмски сервиси бр.31 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД   ДООЕЛ Скопје.

7.    Барање бр.11-409 од 29.11.2012 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.8 на Друштво за телекомуникациски услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје, бул.Партизански Одреди бр.70/5 ДЦ/Алуминка, Скопје-Карпош.

8.    Информација за кабелскиот оператор ГЛОБАЛ НЕТ ДООЕЛ Крушево.

 

9.    Структура на вработените во радиодифузната дејност според етничка припадност.

 

10.   Информација во врска со доставената Тековна состојба издадена од Централниот регистар на РМ, на ден 27.11.2012 година, од страна на ТРД ГАУДЕАМУС РАДИО КЛАСИК ФМ, Мартин ДООЕЛ Скопје, до Советот за радиодифузија на РМ, на 27-ми ноември 2012 година (наш арх.бр.03-6057/1).

11.   Предлог – мислење на Советот за радиодифузија за Информацијата и Акциониот план за превенција и справување со нелегални активности и содржини преку информатичко-телекоминикациските технологии и заштита на децата и младите од истите 2012-2014 година.

12.   Извештај од спроведен мониторинг на програмата на ТВ Канал 5 и ТВ Сител, во врска со дописот од Здружението за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи – ММИ.

 

13.   Предлог – одлука за доделување јавна набавка – услуга: одржување и сервис на фотокопир апарати, факс и принтери.

14.   Информација од Националната конференција за говор на омраза, подготвена од м-р Емилија Петреска Камењарова.

Записникот од 57-та седница на Советот за радиодифузија може да го превземете тука



Accessibility

Accessibility