Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 6-та седница ја закажува за 07.02.2019 година (четврток), со почеток во 13:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на предлог-записник од 5-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.02.2019 година.
- Предлог-одлука за одбивање на Барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс.
- Информација за висината на префрлените средствата за финансирање на радиодифузната дејност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Информација за обврски кои произлегуваат од последната измена на Изборниот законик.
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот и Пописните листи од извршениот попис на средствата, обврските и побарувањата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Миење на возила.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Мобилна телефонија.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Изнајмено печатење.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: Канцелариски материјали.
- Разно.