Советот за радиодифузија ја закажува 61-та седница за 29.11.2013 година (петок), со почеток во 11:00 часот…
Советот за радиодифузија ја закажува 61-та седница за 29.11.2013 година (петок), со почеток во 11:00 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 57 (јавна) седница на Советот, одржана на 11.11.2013 година.
2. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД КАНАЛ ТРИ ДОО Дебар, емитуван на 24 август 2013 година.
3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД –Телевизија КОБРА ДОО Радовиш, емитуван на 27 јули 2013 година.
4. Извештај од контролниот мониторинг на програмскиот сервис на ТРД ТВ СИТЕЛ 2 ДООЕЛ Скопје, реализиран на 8 ноември 2013 година.
5. Информација за ослободување од плаќање радиодифузна такса за сејмените домаќинства на обврзниците од с. Бесвица-општина Демир Капија. с. Кочилари, општина Градско и с. Црешка-општина Штип, со предлог-одлуки.
6. Барање бр.11-445 од 22.11.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.4 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Аналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.
7. Извештај од реализирана обука во рамки на проектот: ”Оддржливо учење за ЕУ и систем за обука”; Tрета обука на тема: “Правда и внатрешни работи – Судство”, одржана во Скопје од 18.11.2013 до 22.11.2013 година, изработен од м-р Андриана Скерлев – Чакар, Раководител на Стручната служба на Советот.
8. Извештај за присуство на еднодневно советување на тема „Очекуваните ефекти од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки и подготовка на негова примена“, организиран од страна на Здружението на правници, изработен од Биљана Панева – Парлеева, соработник во Секторот за правни работи.
9. Информација за учеството на Националната конференција за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција, МАНУ (15 ноември 2013), изработена од м-р Емилија Петреска – Камењарова, виш соработник во Секторот за програмски работи, Несрин Сејфула, соработник во Секторот за програмскиработи, м-р Ивона Муфишева – Алексоска, виш соработник во Секторот за правни работи и м-р Тања Пачоска, соработник во Секторот за правни работи.
10. Информација од учеството на трибината „Трансформативната улога на родовите студии во македонското општество: состојби и предизвици“, изработена од м-р Емилија Петреска – Камењарова, виш соработник во Секторот за програмски работи.
11. Разно.