8-та седница на Советот за радиодифузија од 06.02.2013 година (среда), со почеток во 10,00 часот.
Д н е в е н р е д
1.Усвојување на Записникот од 2-та (јавна) седница на Советот, одржана на 09.01.2013 година, за која имаше и едно продолжение.
2.Предлог-Извештај на Пописната комисија за извршениот попис на основните средства, ситниот инвентар, материјалите и резервните делови во магацинот, побарувањата и обврските на Советот за радиодифузија на РМ за 2012 година.
3.Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво Телевизија Кочани-ЛД ДООЕЛ, Кочани.
4.Извештај од анализа на контактната емисија „Вие и вашето здравје“, емитувана на 29 јануари 2013 година на ТВ Амазон ДООЕЛ Скопје.
5.Разно.