Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 9-та седница ја одржа на 10.03.2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 8-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 03.03.2022 година.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за ТВ емитување на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин, ДООЕЛ, Велес, бр.08-50 од 05.01.2015 година.
- Предлог–решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје.
- Предлог за писмено укажување до ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 61 став 1 алинеја 5 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Надворешна контрола на ИКТ системот (Информатичка комуникациска технологија) согласно прописите за заштита на лични податоци.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.
- Разно.