Трет јавен состанок во 2015 година

На третиот јавен состанок АВМУ ги презентираше реализираните активности за изминатото тромесечје

3.javen sostanok1Скопје, 18.09.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за 2015 година. За спроведувањето на Годишната програма за работа на АВМУ говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата кој детално ги образложи реализираните активности: спроведените надзори над радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и печатени медиуми и изречените мерки, доделувањето на нови дозволи за телевизиско емитување на регионално ниво, изготвената Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2014 година, спроведеното Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво – за второто тромесечје; реализираните активности за имплементација на Стратегијата за развој на радиодифузна дејност во РМ 2013-2017 како и активностите на полето на европската и меѓународна соработка.

За значењето на медиумската писменост, контекстот за нејзиниот развој, целите поставени со Програмата за медиумска писменост и улогата на Агенцијата во подигањето на свеста, олеснување на учеството и координирање на активностите за развој на медиумската писменост зборуваше Емилија Јаневска, Раководителка на Секторот за програмски работи во АВМУ, на што се надоврза и промоцијата на ТВ спотот за безбедност на интернет „Каде е Горан?“. Toj преставува адаптација на спотот „Каде е Клаус? на германската организација klicksafe.de, чиј превод го направија вработени од Агенцијата. Нахсинхронизацијата и титлувањето го реализираше ТВ Сител, чијшто мотив за вклучување во целиот овој процес, како што рече нивната претставничка Анета Ветерова – Шошкиќ, е свесноста за потребата да се заштитат децата при сурфањето на интернет.

3-sostanokСпотот повторно го актуелизира проектот „Сурфај безбедно“ на Министерството за информатичко општество и администрација, во чии рамки е изработен софтвер за родителска контрола врз Интернет – содржините до кои пристапуваат децата. Како што посочи претставникот од Агенцијата за електронски комуникации г-дин Синиша Апостолоски, фокусот на овој проект е разбирање на ризиците и опасностите кои ги демнат децата и младите на интернет, како и на препораките за нивно навремено препознавање.

За обврската за емитување изворно создадена програма и начинот на вршење надзор презентација имаше Рубин Талески, Виш соработник во одделението за културен идентитет, по што следеше дискусија околу најчестите проблеми на радиодифузерите при остварување на оваа обврска од законот.

На крајот од состанокот, директорот Трајчевски посочи дека Агенцијата е отворена за соработка и ги повика сите радиодифузерии, печатени медиуми и оператори на јавни комуникациски мрежи, како и останатите засегнати страни, да дадат свои мислења или предлози на теми, кои би се презентирале на следните јавни состаноци, а се од интерес на целата јавност.

Презентациите од третиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата

м-р Емилија Јаневска, Раководителка на Секторот за програмски работи

Рубин Талески, Виш соработник во Одделението за културен идентитет

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за третиот јавен состанок за 2015 година можете да ги преземете тука


Агенда за учество на третиот јавен состанок на Агенцијата за 2015 година

Пријава за учество на третиот јавен состанок на Агенцијата за 2015 година



Accessibility

Accessibility