СКОПЈЕ, 18.05.2012 – На второто продолжение на 13та седница, СРД реши да испрати укажување до ТВ А2 со коешто на телевизијата и’ се дава рок од 7 дена да го усогласи форматот согласно добиената дозвола. Покрај ова, СРД одлучи да испрати уште едно укажување до овој радиодифузер во однос на емитувањето на музички спот со несоодветна содржина и прекршување на правилата за заштита на малолетната публика.
На 14та седница СРД разгледа извештаи од мониторинг на програмата на неколку радиодифузери и ги изрече следните укажувања и мерки:
МТВ1 – 3 писмени опомени
МТВ2 – 1 укажување и 3 писмени опомени
ТВ Телма- 1 писмена опомена
ТВ Алсат М- 1 укажување, 3 писмени опомени и 1 писмена опомена со барање за објавување
ТВ Сител- 2 писмени опомени и 2 писмени опомени со барање за објавување
ТВ Канал5: 2 писмени опомени и 1 писмена опомена со барање за објавување
РА Рос Метрополис: 3 писмени опомени со барање за објавување
РА Канал 77: 1 писмена опомена
РА Антена5: 2 укажувања и 2 писмени опомени со барање за објавување
РА Енџелс ФМ (Штип): 1 укажување и 1 писмена опомена
Усвоена беше и Информацијата во врска со мониторингот на операторите на јавна комуникациска мрежа кои функционираат на територијата на град Гостивар и селата Форино и Чегране.
СРД ги усвои и Извештајот од мониторингот на првиот програмски сервис на Македонското радио – Радио Скопје, Извештајот од мониторингот на вториот програмски сервис на Македонското радио – Радио 2, Извештајот од мониторингот на програмскиот сервис Македонското радио – Канал на етничките заедници и констатираше дека и во трите случаи, нема прекршувања.