Хроника на 11-та седница

СКОПЈЕ, 26.04.2012 – На својата денешна седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторингот на регионалните телевизиски станици. Притоа СРД им ги изрече следните укажувања и мерки:

ТВ Скај Нет -4 укажувања и 3 писмени опомени,
ТВ КРТ – 1 писмена опомена
ТВ ЕРА-3 укажувања и 4 писмени опомени
ТВ БТР – 1 укажување и 3 писмени опомени
ТВ ЕДО-1 писмена опомена
ТВ Шутел– 3 укажувања и една писмена опомена
ТВ Пинк 15– 1 укажување и 4 писмени опомени
ТВ Амазон– 1 укажување

Беше разгледан и Извештајот од мониторинг врз ТВ МТМ кај која што немаше никакви прекршувања. На ТВ Канал 5 плус (која што оди преку сателит) и’ се изрекоа 1 укажување и 1 писмена опомена.

По извршениот мониторинг и направената анализа на форматот на ТВ Пинк 15 Минус, СРД му упати укажување со забелешка дека утврденото отстапување од форматот за кој што му е доделена дозволата за вршење радиодифузна дејност е сериозно отстапување и му даде рок до 18ти јуни за надминување на ова отстапување.

Советот за радиодифузија направи споредбен мониторинг на ТВ Алфа (сателитска) и ТВ Алфа (Скопје) и ТВ Пинк 15 (сателитска) и Пинк 15 (Скопје). Како заклучок од мониторингот, СРД им упати укажувања на ТВ Пинк 15 и ТВ Алфа со забелешка дека неисполнувањето на законската обврска да емитуваат нови програмски сервиси кои што се различни од програмските сервиси на другите радиодифузери е сериозно отстапување и ја нагласи потребата за негово надминување, со краен рок до 18ти јуни 2012.

На ТВ АБ Канал за неисполнување на обврските од дозволата во рокот за усогласување на емитувањето преку сателит, им беше даден дополнителен рок до седницата на СРД закажана за 11 мај да се усогласат со условите од дозволата за радиодифузна дејност.

Советот го усвои и Извештајот за Придонесот на СРД кон Извештајот за напредокот на РМ во евро-интеграциите за периодот септември 2011- април 2012.



Accessibility

Accessibility