СKOПЈE, 11.05.2012– Советот за радиодифузија му ја одзеде дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТРД Пинк 15 минус поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење на радиодифузна дејност. ТВ 24Вести, ТВ Наша и ТВ АБ Канал го намирија долгот кон СРД.
Кон радиодифузерите: ТВ Скај нет Манчев од Скопје, ТВ Шутел од Скопје, ТВ КРТ од Скопје, ТВ Амазон од Скопје, Радио Арачина Скопје, Радио Џез ФМ од Скопје, ТВ Меди од Битола, РА МХ од Охрид, РА Пехчево од Пехчево, РА Беса од Долнени, РА АБ од Кочани, ТВ Топ од Берово, ТВ Канал 8 од Кочани, РА Про ФМ од Гостивар и РА Ускана Плус од Кичево кои заклучно со зададениот рок – најдоцна до 10-ти мај 2012 година не ја исполнија својата законска обврска да го платат надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, СРД им даде рок од 15 дена да ги намират своите долгови, во спротивно ќе им бидат одземени дозволите за вршење на радиодифузна дејност.
Радиото РФМ ДООЕЛ Скопје, ги исполнил обврските кои за него произлегоа од Одлуката за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност и СРД одлучи да му издаде дозвола за вршење радиодифузна дејност и да се спроведе мониторинг во однос на почитувањето и исполнувањето на условите од дозволата за вршење радиодифузна дејност.
На ТРД МОДЕА ДООЕЛ од Св. Николе му се одобри промена на сопственичката структура.
Точката поврзана со Извештајот од мониторинг на програмскиот сервис на ТВ А2 од 6 мај 2012, беше одложена за продолжението на 13 седница кое што е закажано за во понеделник, 14 мај.
Членовите на СРД одлучија да се започне постапка за трајно решавање на просторното сместување на деловните простории на СРД.