Хроника на 31-та седница

СКОПЈЕ, 31.07.2012 – На својата денешна седница ја усвои информацијата за уплатата од страна на Универзитетското радио Студент ФМ 32.9 и ТРД РФМ Скопје и констатираше дека двата радиодифузери го намирија долгот кон СРД. Беше запрена и иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Радио Мис 2008 ДООЕЛ од с.Пеглово, Пласница, поради тоа што радиодифузерот во целост го платил пресметаниот надоместок за дозволата за вршење радиодифузна дејност.
Во однос на Информацијата за исполнувањето на мерките изречени во врска со неисполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето во претходната година согласно член 20 став 1 и 2 од ЗРД,  СРД им  изрече мерка – писмена опомена на ТРД Еко Проект ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка и на Друштвото за радиодифузија Ди -Џеј Славе ДООЕЛ  од Струга, а на ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ Мартин ДООЕЛ Скопје, му изрече мерка – писмена опомена со барање за објавување. На овие радиодифузери СРД им даде рок од 7 дена да постапат согласно нивната обврска, во спротивно ќе поведе прекршочни постапки против нив.
Друштвото за вршење радиодифузна дејност ТРД ЕКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка, ТРД ЕНЕРГУ РАДИО ДООЕЛ увоз-извоз Струга, ТРД Новател – плус ДООЕЛ Прилеп и  Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга не ги исполниле мерките изречени во врска со неисполнувањето на обврската за доставување податоци за економско финансиското работење во претходната година согласно член 20 став 3 и 4 од Законот за радиодифузната дејност. СРД им изрече писмена опомена со барање за објавување и им даде рок од 7 дена да ја спроведат одлуката.
СРД го усвои Извештајот за извршување на мерките во врска со обврските за емитување европски аудиовизуелни дела. Притоа им даде рок од 15 дена на МТВ и на ТВ Сонце за да ја извршат наведената обврска. Исто така, СРД ќе упати допис до ТВ Канал5 и ТВ Канал5+ во своите извештаи во целост да го почитуваат ЗРД и да во целост да ги доставуваат податоците.
Информација во врска со ослободување од плаќање радиодифузна такса за домаќинствата во населеното место с.Железнец, општина Демир Хисар беше усвоена од страна на СРД.


Accessibility

Accessibility