Хроника од втората седница – 21.01.2025

Скопје, 21.01.2025 – На втората седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа разгледани и усвоени повеќе одлуки и мерки од значење за работата на медиумските субјекти.

Советот го усвои Правилникот за регистрирање на даватели на услуги платформи за споделување видеа, со што се уредуваат условите и постапката за регистрација на овие субјекти.

Советот изрече јавни опомени за непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги:

  • На ТДР СПЕКТРА, Лабуништа ДООЕЛ:
    • За емитување програмски содржини на странски јазик без превод на македонски јазик (член 64 став 1).
    • За неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% македонски аудиовизуелни дела (член 92 став 1).
  • На ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ, Гостивар:
    • За недостиг на информации што треба да бидат достапни на корисниците (член 51 став 1).

На наведените субјекти им е наложено во рок од 10 до 20 дена од приемот на Решенијата да го усогласат своето работење со законските обврски.

Советот даде одобрување за спроведување на постапки за јавни набавки за следниве услуги: услуги од приватна агенција за вработување, финансиско-осигурителни услуги, авионски билети и ревизорски услуги.

Донесени се Решенија за бришење на ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ, Струмица и  Универзитетското радио СТУДЕНТ ФМ 92.9, Скопје од регистарот на радиодифузери.

Советот донесе Заклучок да ја доработи и допрецизира Одлуката за поништување на Одлука со која се дозволува промена на сопственичката структура на радиодифузер.

Со овие одлуки и мерки, Агенцијата продолжува со напорите за унапредување на медиумската регулатива и обезбедување законито и транспарентно работење.



Accessibility

Accessibility