Хроника од првото продолжение на 5тата седница

СКОПЈЕ, 21.03.2012 – На првото продолжение на петтата седница СРД ја разгледа Информацијата  за работењето на сателитските телевизии,  по што едногласно одлучи да биде одземена дозволата на ТВ БМ врз основа на член 63 став 1 алинеја 1, заради незапочнување со дејноста во предвидениот рок. ТВ Џангл, ТВ Перспектива (СкајНет Плус), ТВ 24Вести, ТВ АБ Канал и ТВ Пинк 15 минус имаат рок од 15 дена да ги отстранат пречките поради коишто не се емитуваат преку сателит и да ги намират обврските кон СРД, во спротивно СРД ќе им ги одземе дозволите за вршење на радиодифузна дејност.
По разгледувањето на извештаите од извршените мониторинзи, СРД ги изрече следните укажувања и мерки:
ТВ Џангл: 4 писмени опомени со барање за објавување;
ТВ Наша: 2 укажувања;
ТВ АБ Канал: 2 укажувања;
ТВ Алфа: 4 укажувања;
ТВ Сител 3: писмена опомена со барање за објавување и укажување;
ТВ Пинк 15 минус: 3 писмени опомени со барање за објавување и 1 укажување;
ТВ 24Вести: нема прекршувања;
ТВ Перспектива: 2 укажувања;
ТВ Сонце: 2 укажувања;
По извршениот мониторинг на ТВ А2, беше заклучено дека треба да се испрати допис до радиодифузерот  и до стечајниот управник за да се посочи дека ТВ А2 не ги исполнува условите од дозволата и да дадат информација за фактичката состојба и нивните натамошни планови.
Во однос на емисијата „На патот кон…“, емитувана на Алсат-М, утврдено е дека онаму каде што се постапува поинаку од програмските принципи, е во делот кога водителот на емисијата не интервенира и не се оградува, ниту пак, го предупредува својот соговорник, кога тој изрекува навреди. Со ова Алсат-М постапува спротивно спротивно на програмскиот принцип од член 68, став 2, алинеја 2 за „заштита на приватноста и достоинството на личноста“.
За Извештајот од анализата на Дневник 1 на ТВ Сител од 10 март 2012 година, заклучи дека е повреден членот 68 од Законот за радиодифузија и одлучи на следното продолжение на седницата да биде одредена соодветната мерка по овој член.
 
СКОПЈЕ, 21.03.2012 – На првото продолжение на петтата седница СРД ја разгледа Информацијата  за работењето на сателитските телевизии,  по што едногласно одлучи да биде одземена дозволата на ТВ БМ врз основа на член 63 став 1 алинеја 1, заради незапочнување со дејноста во предвидениот рок. ТВ Џангл, ТВ Перспектива (СкајНет Плус), ТВ 24Вести, ТВ АБ Канал и ТВ Пинк 15 минус имаат рок од 15 дена да ги отстранат пречките поради коишто не се емитуваат преку сателит и да ги намират обврските кон СРД, во спротивно СРД ќе им ги одземе дозволите за вршење на радиодифузна дејност.
 
По разгледувањето на извештаите од извршените мониторинзи, СРД ги изрече следните укажувања и мерки:
 
 
ТВ Џангл: 4 писмени опомени со барање за објавување;
ТВ Наша: 2 укажувања;
ТВ АБ Канал: 2 укажувања;
ТВ Алфа: 4 укажувања;
ТВ Сител 3: писмена опомена со барање за објавување и укажување;
ТВ Пинк 15 минус: 3 писмени опомени со барање за објавување и 1 укажување;
ТВ 24Вести: нема прекршувања;
ТВ Перспектива: 2 укажувања;
ТВ Сонце: 2 укажувања;
 
 
По извршениот мониторинг на ТВ А2, беше заклучено дека треба да се испрати допис до радиодифузерот  и до стечајниот управник за да се посочи дека ТВ А2 не ги исполнува условите од дозволата и да дадат информација за фактичката состојба и нивните натамошни планови.
 
Во однос на емисијата „На патот кон…“, емитувана на Алсат-М, утврдено е дека онаму каде што се постапува поинаку од програмските принципи, е во делот кога водителот на емисијата не интервенира и не се оградува, ниту пак, го предупредува својот соговорник, кога тој изрекува навреди. Со ова Алсат-М постапува спротивно спротивно на програмскиот принцип од член 68, став 2, алинеја 2 за „заштита на приватноста и достоинството на личноста“.
 
За Извештајот од анализата на Дневник 1 на ТВ Сител од 10 март 2012 година, СРД заклучи дека е повреден членот 68 од Законот за радиодифузија.
 


Accessibility

Accessibility