Хроника од 1та седница

Скопје, 11.01.2024 – Советот на Агенцијата на својата прва седница одржана на 04.01.2024г. донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Приватна високообразовна установа Универзитет Скопје – Скопје, Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗУМ СКОПЈЕ.

За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година Советот одобри директорот на Агенцијата да спроведе постапки за јавна набавка на услуга од приватна агенција за вработување и на стока – Софтвер систем за електронски регистар на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање  и даватели на услуги, платформа за споделување видеа.

 



Accessibility

Accessibility