Хроника од 1-та седница

СКОПЈЕ – 08.01.2013 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Aгенцијата) на денешната седница го усвои Извештајот по заклучок бр 02-5050/7 од 66-та седница на Советот за радиодифузија и одлучи да му испрати писмо на операторот на јавна комуникациска мрежа ТРД Роби ДООЕЛ – Штип, во координација со трговските радиодифузни друштва и претставниците на Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија да изврши сетирање на висината на тонот на сигналот кој се реемитува со цел нивна нивелизација и отстранување на ваквите разлики на тонот. Агенцијата заклучи да испрати писмо до сите оператори на јавни комуникациски мрежи да водат сметка за висината на тонот на реемитуваниот сигнал.



Accessibility

Accessibility