Хроника од 1-та седница


СКОПЈЕ, 04.01.2013- На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторинзите на програмските сервиси: ТВ СИТЕЛ 3, НАША ТВ, ТВ АЛФА, ТВ 24 ВЕСТИ, ТВ СОНЦЕ и ТВ Канал 5 ПЛУС, емитувани на 3 ноември 2012 година и заклучи да им ги изрече следниве мерки:

 

– на ТВ СИТЕЛ 3, писмена опомена затоа што играниот филм „Од заседа“ (Ambushed) е погрешно означен и е емитуван во несоодветен термин, писмена опомена со барање за објавување, бидејќи наместо најмалку 30%, емитувани се вкупно 14,61% изворно создадена програма на македонски јазик и писмена опомена за емитувани реклами кои не се јасно издвоени од другите делови на програмата со оптички или акустични средства;

 

– на НАША ТВ, писмена опомена за рекламирање чие вкупно времетраење е повеќе од дозволените 12 минути на еден реален час и писмена опомена со барање со објавување затоа што се емитувани реклами кои не се јасно издвоени од другите делови на програмата со оптички или акустични средства.

 

На програмските сервиси ТВ АЛФА, ТВ 24 ВЕСТИ, ТВ СОНЦЕ и ТВ Канал 5 ПЛУС, не се констатирани прекршувања. Со мониторингот е забележано дека на програмата на ТВ Канал 5 Плус епизодата од реалното шоу „Прељубници“ на 3 ноември 2012 година, е емитувана во соодветен термин, но наместо да биде означена со 18+, петта категорија програми, има знак 12+, поради што Советот заклучи дека на Канал 5 Плус треба да му се посочи дека  за прикажување на епизодата е употребена несоодветна сигнализација за заштита на малолетната публика.
 

Советот заклучи да се испрати допис до ТВ СИТЕЛ 3, НАША ТВ, ТВ АЛФА, ТВ 24 ВЕСТИ, ТВ СОНЦЕ и ТВ Канал 5 ПЛУС, со кој ќе се побара во рок од 15 дена од приемот на дописот да достават Договор за сателитско емитување склучен со сателитски провајдер и финансиски документ за извршена уплата во корист на сателитскиот провајдер.

 



Accessibility

Accessibility