Хроника од 10-та седница

Скопје, 07.03.2025 – На 10-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 6 март 2025 година, Советот донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Трговско радиодифузно друштво РАДИО РЕД ФМ ДООЕЛ Тетово, бидејќи радиодифузерот го плати годишниот надоместок за дозволата во целост. Советот донесе  и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското друштво за радио-дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Дадено е одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка на лиценци за софтвер за автоматско бекапирање на податоци, што е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2025 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и одобрување директорот да донесе Одлука со која се одобруваат финансиски средства за набавка со проценета вредност под вредносните прагови со примена Законот за јавни набавки за услугата – изработка на: Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, Правилник за заштита од пожари и експлозии и изработка на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.



Accessibility

Accessibility