Скопје, 19 март 2025г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука за зголемување на Финансискиот план за 2025 година. Доделените средства ќе бидат искористени за финансиска помош на настраданите граѓани во пожарот во Кочани, со што Агенцијата изразува солидарност и поддршка во справувањето со последиците од несреќата.
Советот усвои и ребаланс на Финансискиот план за 2025 година. Со овој ребаланс, се обезбедуваат финансиски средства за помош на ТВ КОХА Меваип ДООЕЛ Тетово, за санација на последиците од пожарот кој ја зафатил телевизијата на 8 март 2025 година. Со пренамена на средствата во Финансискиот план за 2025г. се обезбедува и исплата на редовен месечен надоместок за членовите на Советот.
Советот го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 година.
Дополнително, разгледан е контролен програмски надзор врз ТРД СПЕКТРА, Општина Лабуништа ДООЕЛ, кој покажа дека радиодифузерот не ја отстранил претходната повреда и продолжил со прекршување на член 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Советот одлучи да покрене прекршочна постапка пред надлежен суд.