Хроника од 11-та седница

Скопје, 18.03.2015г. – Поради неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во член 9 став 4 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, по предлог на директорот на Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе одлука за покренување на постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга .  

Советот на Агенцијата донесе Одлука за поништување на Одлуката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Амазон ДООЕЛ Скопје, со оглед на тоа што радиодифузерот во целост ја исполнил својата обврска за плаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување.

Советот на Агенцијата го усвои Нацрт-Ревизорскиот извештај од независен ревизор на финансиските извештаи на Агенцијата за 2014 година.

 



Accessibility

Accessibility