Скопје, 26.9.2025 – На дванаесеттата седница одржана на 26 септември 2025 година, Советот на Агенцијата го усвои Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година.
Со ова Упатство се појаснува примената на одредбите од Изборниот законик во делот на распределбата на времето за платено политичко рекламирање, означувањето на нарачателот, начинот на распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, како и бесплатното политичко претставување на Собранискиот сервис. Дополнително, Упатството предвидува мерки за обезбедување пристапност на содржините поврзани со изборниот процес за сите граѓани.