Скопје, 31.3.2026 – На 12 седница, во однос на ревизорскиот извештај за 2025 година, Агенцијата утврди став дека финансиските извештаи објективно ја прикажуваат финансиската состојба, додека за делот што се однесува на вредноста на земјиштето изрази несогласување, имајќи предвид дека истото е евидентирано по препорака на Државниот завод за ревизија.
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски го усвои Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2025 година, кој ги опфаќа реализацијата на програмскиот надзор, финансиското работење и годишната сметка.
Покрената е постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Плус ДОО Куманово, поради неплаќање на годишниот надоместок за дозволата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Доколку обврската не биде исполнета, ќе следува донесување одлука за одземање на дозволата.
Разгледана е и информацијата за неспроведена промена на сопственичката структура на ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје, при што е констатирано дека претходно донесената Одлука не произведува правно дејство, бидејќи промената не е реализирана во законскиот рок.