Хроника од 12-та седница

Скопје, 19 март 2025г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одобри донесување на Одлука за доделување финансиска помош за настраданите граѓани во разорниот пожар што се случи во Кочани на 16.03.2025 година. Средствата ќе бидат распределени преку Црвениот крст на Република Северна Македонија, со цел да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

Дополнително, Агенцијата одобри и донесување Одлука за доделување финансиска помош за Трговското радио дифузно друштво ТВ КOХА Меваип ДООЕЛ Тетово, со цел санирање на последиците од пожарот што го зафати објектот на радиодифузерот на 08.03.2025 година. Оваа поддршка ќе овозможи непречено продолжување на неговата работа и обезбедување на квалитетна телевизиска програма за регионот.

Средствата за овие донации се обезбедени од финансискиот план на Агенцијата за 2025 година.

Советот исто така даде одобрение за спроведување на постапка за јавна набавка за услуга – миење на возила.