Хроника од 13 седница

Скопје, 8 октомври 2025 година – На 13 седница одржана на 7 октомври 2025 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го разгледа Извештајот од мониторингот на радиодифузерите за периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања за Локалните избори 2025 година, односно од 10 август до 28 септември 2025 година.

Советот, исто така, го разгледа Писмениот извештај за извршениот надзор над изборното медиумско претставување на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево и одлучи да покрене прекршочна постапка против оваа телевизија, поради надминување на лимитите за платено политичко рекламирање утврдени во член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.

Дополнително, Советот даде одобрение на директорот на Агенцијата да спроведе постапки за јавни набавки за одржување на хардверот на системот за мониторирање на радио и телевизиските сервиси, како и за надзор на ОЈЕКМ и електрична енергија. Двете постапки се предвидени во Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, а финансиските средства се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility