Хроника од 13-та седница

СКОПЈЕ, 04.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Предлог-Образецот: Податоци за сопственичката структура, уредниците и економското работење на радиодифузерот (образец СУЕ/1).

Агенцијата ja усвои Предлог – Одлуката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговско радиодифузно друштво ТВ АРТ КАНАЛ Струга ДООЕЛ и одлучи на горенаведениот радиодифузер да му ја земе дозволата за вршење радиодифузна дејност поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини односно не емитувал најмалку 8 часа дневно програма на телевизија.

Агенцијата го усвои Извештајот од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, емитувана на 28 февруари 2014 година. Споменатиот радиодифузер постапил спротивно на член 77 став 2 од Изборниот законик (Пречистен текст) со што е сторен прекршок од член 183-а став 1 алинеја 2 и став 2 од Изборниот законик, односно во вестите при објавување на резултатите од испитувањето на јавното мислење поврзано со учесниците во изборниот процес не ги навел податоците за големината и структурата на испитаниот примерок и за периодот во кој е спроведено испитувањето. Според ова, Агенцијата одлучи да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка да се спроведе постапка за порамнување.

Извештајот од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, емитувана на 28 февруари 2014 година можете да го преземете тука.

Агенцијата ја усвои Информација за подготовка на потребните документи од Образецот на досието на понуда во врска со кандидатурата на градот Скопје и Националната арена „Филип II Македонски“ за домаќин на натпреварите од групната фаза на Европското првенство во фудбал УЕФА ЕУРО 2020 заедно со одговорите.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда бр. 2 и 7 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнуваат со следниов телевизиски програмски сервис: ТВ Вижн БМ;

-на ТРД оператор на кабелска мрежа КДС-ВТ ДООЕЛ, Потврда бр. 1 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Сител, Сител 3, Канал, 5 Канал 5 +, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Алсат-М, Телма, ТВ Сонце, ТВ Протел (локално), ТВ Д1 (регионално), ТВ Стар (регионално), ТV 1000, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature Planeta, DM Sat, RT Documentary, International HD, Russia Today HD, B92 info, Soko TV, Studio B, RTV Atlas, Svet Plus, Duga TV, OTV Valentino, Rodina TV, Sos Kanal, KCN Mjuzik, Kopernikus, Happy TV, Palma Plus, Duga TV, Astro TV, HD Mjuzik, Top Music, HRT 1, HRT 3, RTS Sat, Sport Klub, Sport Klub Plus, Cinemania, Golf Sport, Ultra TV, IQS Life, Fishing & Hunting, Sport Klub Prime, Mini Ultra, 24 Kitchen, Fen TV, Balkanika, TV 1, National Geographic Wild, National Geographic, BN Bjelina, BN Mjuzik, Hayat, Al Jazeera, Balkans Travel, World Fashion, MTV Adria, Fox Life, Fox Crime, Fox, Chase & Peche, VH1, Euronews, TV K,3 Eurosport и Eurosport 2.

-на ТРД оператор на кабелска мрежа КДС-ВТ ДООЕЛ, Потврда бр. 7 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Канал 5 +, Planeta, TV K3, Eurosport, Eurosport 2, Sport Klub, Sport Klub Plus, Cinemania, Golf Sport, Ultra TV, IQS Life, Fishing & Hunting, Sport Klub Prime и Mini Ultra.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Mултимедиа Нет Скопје продружници Куманово, Потврда бр. 3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Алфа, ТВ Алсат-М, Наша ТВ, Канал 5 плус, Palma Plus, Planeta и ТВ К3.

-на Друштво за производство, трговија и услуги СПЕЈДЕР НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 5 и 2 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Наша ТВ, 24 Вести, Алфа ТВ, Телма, Канал 5 плус, Канал 5, Сител, Сител 3, ТВ Кобра (регионално), ТВ Нова ДОО (локално), ТВ Канал Вис (регионално), Eurosport, Eurosport 2, Hayat, Hayat BH, Hayat Folk, 24 Kitchen, Fox, Fox Life, Fox Crime, National Geographic Wild, Fox Movies, National Geographic, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra Mini, Ultra, IQS Life, Cinemania, MGM, Animal Planet, Discovery Channel, ID Investigation, Discovery Science, TLC Discovery World, TV5 Monde, Motors TV, Chasse at Peche, VH1, MTV, Travel Channel, Euronews, Planeta, Aljazzera Balkans, Fen TV, Duga, OTV Valentino, DM Sat, Atlas TV, TV Kosava, Happy TV, Astro TV, KCN 2, Kopernikus, KCN 3, B92 Info и Studio B.

-на Друштво за производство, трговија и услуги СПЕЈДЕР НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 6 и 3 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Boomerang, CNN и Cartoоn Network.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 60 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниов телевизиски програмски сервис: Перви.

-на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда бр. 3 и 8 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнуваат со следните телевизиски програмски сервиси: Ert World и TRT.

-на ТРДоператор на кабелска мрежа СКРЕМБЛ Ново Село, Потврда бр. 2 и 3 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнуваат со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub 1. Sport Klub 2. Cinemania, Ultra TV, IQS, Life Fishing & Hunting, Sport Klub 3, Golf Sport, Mini Ultra и TV K3.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, Скопје, Штип, Куманово, Прилеп и Тетово, Потврда бр. 27, 29, 24, 26, 28 и 27 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниов телевизиски програмски сервис: Канал 5 плус.



Accessibility

Accessibility