Хроника од 14-та седница

Скопје, 25.03.2019г. – Советот на Агенцијата го утврди ставот на Агенцијата во однос на резултатот од извршената ревизија од независен ревизор за 2018 година, односно се согласи со мислењето дадено во Ревизорскиот извештај за 2018 година.

На седницата Советот донесе и Одлука со која се одобри Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година, кој содржи Извештај за реализација на годишен план за програмски надзор за 2018 година и финансиски извештај за реализација на финансискиот план за 2018 година и годишна сметка со реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за 2018 година.

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ГОЛДИ ДООЕЛ Велес.

Врз основа на констатации од писмен извештај, Советот на Агенцијата му упати писмено укажување на ТРД 1ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 61 став 1 алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во делот на начелото за заштита на достоинството на личноста.

Донесено е и едно Решение за изрекување мерка јавна опомена, и тоа на ТРД Телевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми.



Accessibility

Accessibility