Скопје, 19 октомври 2025 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница разгледа Извештаи од извршен надзор над изборното медиумско претставување и заклучи да покрене прекршочни постапки против ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје и ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје.
Кај двата радиодифузери е утврдено прекршување на член 76-б став 3 од Изборниот законик, со тоа што за време на изборниот молк за првиот круг од Локалните избори 2025 година емитувале програми во кои учествувале кандидати во изборите.
ТВ 21 емитувала реприза на изборна дебата со кандидати за градоначалник на Општина Центар, додека ТВ Шутел емитувала музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари.