Скопје 08.04.2024г. – Поради исполнување на законската обврска за плаќање на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се поништи Одлуката за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио Александар Македонски Илија Таневски Кичево ДООЕЛ.
Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена за прекршување на член 141 од ЗААВМУ за операторот СПАЈДЕР ДООЕЛ Гевгелија и за Друштвото за производство, трговија и услуги КОЛОР МЕДИА ПЛУС ДОО Скопје за прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми.
За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри директорот на Агенцијата да донесе Одлука спроведување на постапки за јавни набавки на: услуга – превентивно и адаптивно одржување на софтверот за системот за мониторирање на радио и тв сервиси и надзор на ОЈЕКМ, услуга – одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата и стока – ситен и потрошен информатички материјал.