Хроника од 14-та седница

Скопје, 26 март 2025г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука за продолжување на рокот за започнување со вршење на дејноста на Трговското радиодифузно друштво РАДИО СКВЕР ДООЕЛ Куманово. Радиото е обврзано да започне со емитување на програмскиот сервис на 3 мај 2025 година. Доколку ТРД Радио Сквер ДООЕЛ Куманово не го испочитува овој рок, Агенцијата ќе ја одземе дозволата и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот.

Дополнително, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за услуга – мобилна телефонија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги продолжува со активностите согласно законските обврски и плановите за работа.



Accessibility

Accessibility