Хроника од 14-та седница

СКОПЈЕ, 10.03.2014– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги усвои Предлог-Извештајот за работа на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година, Предлог-Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 годинаи Нацрт -Образецот за доделување на дозвола за вршење на радиодифузна дејност без објавување на јавен конкурс.

Агенцијата ја усвои Информацијата за потребата од уплата на средства за користење на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија и одлучи да одобри средства за обезбедување пристап кон податоците на Интернет дистрибутивниот систем на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, на Централниот регистар на Република Македонија.

Агенцијата ги усвои Информациите за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ЛА КОСТА Виница, ТРД ТВ МТМ Скопје и ТРД РАДИО-МЕРЛИН Дебар и одлучи на горенаведените радиодифузери да им дозволи промена во сопственичката структура. Радиодифузерите исто така се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да доставуват актуелна тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија.

Агенцијата го усвои Предлог-Меморандумот за соработка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и Предлог-Меморандумот за соработка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.

Агенцијата го усвои Предлог Годишниот извештај за извршени контроли од страна на офицерите за заштита на лични податоци во Советот за радиодифузија на РМ во 2013 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа КТВ-6, Потврда бр. 5со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Канал 5 плус, Planeta;

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-КТВ ДООЕЛ Струга, Потврда бр. 8 и бр. 3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Наша ТВ, Канал 5 плус, Алфа, Алсат-М, Planeta, Top Channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, ABC News, Explorer Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My Music, Folklorit, Music AL, Albanian Screen, A1 Report, News 24 и TV K3;

– на Друштво за телекомуникации и софтвер – кабелски оператор КАБЛЕ КАЛЛ ДООЕЛ Кичево, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Наша ТВ, Канал 5 плус, Алфа, Алсат-М, ТВ Боем (регионално), ТВ Аниса (локално), Planeta, Top Channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, ABC News, Explorer Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My Music, Folklorit, Music AL, Albanian Screen, A1 Report, News 24 и TV K3;

-наТРД – оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ-Л-НЕТ ДОО Струга, Потврда бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: ТВ НТВ (регионалнa), Planeta и TV K3;

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-ОН ДООЕЛ Дебар, Потврда бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Наша ТВ, Канал 5 плус, Алфа, Алсат-М, Planeta, Top Channel, Klan TV, Sport News, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Top News, ABC News, Explorer Natyre, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel, My Music, Folklorit, Music AL, Albanian Screen, A1 Report, News 24 иTV K3.

– на Друштво за производство, трговија угостителство сообраќај и услуги МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л Гостивар, Потврда бр. 22 и бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Planeta, Fox Crime, National Geographic, National Geographic Wild, 24 Kitchen, Fox Movies, Sky News, TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Nickelodeon Jr, Nickelodeon, Comedy Central Extra, Franch Lover, Free-X TV, X-Drame TV и HRT 3;

– на Друштво за производство, трговија и услуги ТЕЛЕНЕТ КОМ ДОО Тетово, Потврда бр. 16 и бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет и дигитален програмски како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервис: Канал 5, ТВ Кисс (регионално),ТВ Алфа, Planeta, ZDF, Rai Uno, Slovenia 1, RTS Sat, RTCG, HRT 1, TRT International, N24, Pro 7, RTL, Sat 1, Fox Life, Fox Crime, National Geographic, National Geographic Wild, 24 Kitchen, Fox Movies, 24 Kitchen, Fox Movies, Sky News, TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, RTV 21, RTV 21 Plus и KTV;

– на Друштво за трговија и услуги TОТАЛ ТВ ДОО Скопје, Потврда бр. 14 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: CMC, Russia today, VH 1, Private Spice, French Lover, RTS Sat, MGM, SOS, BBC World News, Viasat History, Viasat Explorer и Viasat Nature;

-на Македонски Телеком АД – Скопје , Потврда бр. 57 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: ТВ НТВ (регионално),Телма, ТВ Боем (регионално) и TВ Сител 2 (регионално).



Accessibility

Accessibility