Скопје, 29.03.2019г. – На денешната седница Советот на Агенцијата ја усвои Политиката за медиумска писменост. Документот беше изработен во рамките на проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ и ќе биде отпечатен на три јазика – македонски, албански и англиски, од страна на Советот на Европа. Документот е објавен на веб страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) и на посебната веб страница за медиумска писменост (www.mediumskapismenost.mk).
Поради обезбедување на јасни правила и правна сигурност на радиодифузерите за начинот на примена на одредбите од Изборниот законик кои се поврзани со нивното работење, Советот на Агенцијата донесе Упатство за начинот на спроведување на одредбите од Изборниот законик за време на кампањите за претседателските избори и за изборите за градоначалници на Дебар, Ново Село и Охрид во 2019 година.