Хроника од 15-та седница

Скопје, 19.05.2023 – Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започна постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на радиодифузерот ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга.

Врз основа на констатации од административен надзор, Советот на Агенцијата изрече три мерки јавни опомени, и тоа на:

  • ТРД ТВ ИРИС ДОО Штип за неисполнување на обврската од член 15 став 1 од Законот за медиуми, односно недоставување податоци за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во 2022 година, остварените вкупни приходи и расходи од обезбедувањето на дејноста во 2022 година и за просечната гледаност во 2022 година и член 15 став 3 од Законот за медиуми – необјавување податоци на сопствената програма и доставување на снимка од објавата до АВМУ.
  • ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје неисполнување на обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми – необјавување податоци на сопствената програма и доставување на снимка од објавата до АВМУ.

 

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе одлуки за спроведување на постапки за јавна набавка на следните услуги: Одржување на компјутерска и друга ИКТ опрема и Истражување-анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.



Accessibility

Accessibility