Скопје, 3 ноември 2025 година – На 16 седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување во првиот круг од Локалните избори 2025 година.
Советот утврди дека ТРД – оператор на кабелска мрежа „Вива Нет“ ДООЕЛ Берово ја прекршил законската обврска за континуирано испорачување на програмскиот сигнал, поради што му изрече јавна опомена и наложи усогласување со законските одредби во рок од 30 дена.
Исто така, Советот даде одобрение на директорот да спроведе постапки за јавни набавки за горива и за услуга пренос на податоци, предвидени во Годишниот план за јавни набавки и Финансискиот план на Агенцијата за 2025 година.