Хроника од 16-та седница

СКОПЈЕ, 21.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги усвои Специфичностите на методологијата за мониторингот на изборните процеси во 2014 година (текстот може да ги преземете тука).

Агенцијата го усвои Предлог – Ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2014 година во врска со прашањето на Ива Михајловска од Кабинетот на Народниот правобранител, поставено на Првиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2014 година и истиот е објавен на веб страницата на Агенцијата.

Агенцијата го усвои Предлог – Барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс со Информацијата за доставена забелешка по повод Нацрт – Барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс. Забелешката, доставена од ТВ Здравкин Велес, потточката „б“ од точката „8“ „документи што го гарантираат финансирањето на деловниот план, односно дејноста (банкарска гаранција, депозит во банка, хартии од вредност)“ да се избрише не е прифатлива затоа што доставувањето на споменатите документи е законска обврска утврдена во член 73 став 3 алинеја 8 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија” бр.184/13, 13/14 и 44/14).

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со доставениот Ревизорски извештај за ревизија на годишните финансиски извештаи за годишната сметка на Агенцијата за 2013 година. Агенцијата во целост се согласува со мислењето дадено во Ревизорскиот извештај за ревизија на годишните финансиски извештаи за годишната сметка на Агенцијата за 2013 година, заверен во архивата на Агенцијата под број 01-1541/3 на ден 18.03.2014 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да издаде две потврди за регистрирани програмски пакети на Друштвото за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ:

-Потврда бр. 4 и бр. 3 со која регистрираните програмски пакети како целине се дополнуваат со програмските телевизиски сервиси: Канал 5 плус, Tring Max, Tring Super, Tring Life, Tring Comedy, Tring Planet, Tring World, Kanali 7, Tring 3 Plus, Club TV, Tring Shqip, Mediasat (Scan), NTV (Albania), Folk Plus, Tring Sport News, Tring Tring, Vision Plus.



Accessibility

Accessibility