Хроника од 16-та седница

Скопје, 30.05.2023 – Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри Ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023-та година. Со усвоениот ребаланс на Финансискиот план за 2023 година, вкупните планираните расходи остануваат на претходно утврденото ниво.

Врз основа на констатации од вонреден административен надзор, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на Друштвото за производство, трговија и услуги КОЛОР МЕДИА ПЛУС ДОО Скопје, издавач на „The Economist” затоа што во изданието бр.5 од јануари 2023 година, не ја исполнило во целост обврската од член 14 став 1 од Законот за медиуми, односно не ги објавило податоците за: адреса на седиштето на издавачот на медиумот, адреса на печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци.

Во врска со известувањето за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица.

Советот на Агенцијата донесе Заклучок да се започне јавна консултација за измена на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадрови услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување“.

Врз основа на добиено барање за утврдување и противзаконско реемитување на дел од програмската содржина на ТВ Телма, Советот на Агенцијата донесе заклучок да достави Информација до МВР – Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал за постоење сомневање за повреда на авторските права и сродните права од страна на операторот Македонски Телеком – Скопје.



Accessibility

Accessibility