Хроника од 17-та седница

Скопје, 16.04.2025г. – На 17-та седница на Советот на Агенцијата одржана на 16.04.2025 година, беа донесени следните одлуки:

  • Донесено е Решение за запирање на постапката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, откако радиодифузерот целосно го подмири годишниот надоместок за дозволата согласно доставената фактура.
  • Донесено е Решение за бришење од Регистарот на радиодифузери на Непрофитната радиодифузна установа УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО УГД ФМ при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
  • Советот донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт–импорт Сарај, Скопје, поради неисполнување на минималните кадровски услови согласно Правилникот и неплаќање на годишниот надоместок во законски предвидениот рок. Радиодифузерот ќе добие нова фактура која се однесува на периодот до донесувањето на Одлуката, со рок за плаќање од осум дена од денот на издавањето.
  • Советот даде одобрување за спроведување постапка за јавна набавка – услуга: одржување хигиена во деловните простории на Агенцијата.

 



Accessibility

Accessibility