Хроника од 18 седница

Скопје, 17.11.2025 – На 18. седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги усвои Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор и Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2026 година. Двата документи ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата во рок од 30 дена, со цел да се обезбеди јавна расправа и можност за доставување мислења и коментари од сите заинтересирани страни.

Советот ја усвои и Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за 2026 година, која исто така ќе биде јавно достапна за коментари во предвидениот рок.

Дополнително, Советот донесе Одлука за распишување јавен конкурс за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата, со мандат од пет години.

Советот ги усвои и измените и дополнувањата на Правилникот за користење и одржување на службените возила и даде одобрение за спроведување на постапка за јавна набавка за одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација, согласно планските и финансиските акти на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility