Хроника од 18-та седница

Скопје, 24.04.2025г. – На денешната седница, Советот донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Прилеп. Дозволата се однесува на музички радио сервис од специјализиран формат, до 5% говорни содржини, на македонски и српски јазик, на фреквенција 90.3 MHz, за период од девет години, без можност за пренос на друго лице.

Советот донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт-импорт Сарај, Скопје.

Разгледан беше и Писмениот извештај за редовен програмски надзор, бр.10-1372/1 од 27.03.2025 година, по што Советот заклучи на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип да му се изрече мерка јавна опомена поради прекршување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од Упатството за пласирање производи. Радиодифузерот е задолжен во рок од 20 дена од приемот на решението да го усогласи своето работење со законските и подзаконските акти.

Одобрен е ребаланс на Финансискиот план за 2025 година, без промена на вкупните расходи. Со предложениот ребаланс се обезбедени средства за надоместоци за членовите на Советот и за исплата на јубилејни награди за две вработени лица во Агенцијата.

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата за две работни позиции: Раководител на Служба за внатрешна ревизија и Виш соработник – Лектор по македонски јазик.



Accessibility

Accessibility