Скопје, 27.05.2015 година – По поднесени уредни Барања за доделување дозвола без објавување конкурс, а согласно член 76 став 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата на 19-та седница донесе три Одлуки за доделување дозволи за телевизиско емитување преку јавни електронски комуникациски мрежи што не користат ограничен ресурс, на регионално ниво,на ТРД ТВ СТАР ДОО Штип, ТРД ТВ Чеграни МЕДИА ДООЕЛс. Чегране-Гостивар и ТРД ТВ Канал ВИС ДООЕЛ Струмица.