СКОПЈЕ, 17.04.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои информација за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства од Урбана заедница Мирка Гинова, населба Превалец, општина Велес, со адреса на живеење на ул.Јордан Јорданов.
СРД на денешната седница усвои две Одлуки:
– Одлукa за објавување конкурс за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност – радио, на државно ниво и
– Одлукa за објавување конкурс за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност – телевизија преку терестријален предавател, на државно ниво.