Хроника од 19-та седница

Скопје, 15.06.2023 – На 19та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, наменет за студентска популација, на македонски јазик, на регионално ниво, зона на распределба D1 Црн Врв – подрачје на регионално ниво Скопје (град Скопје и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште), кој ќе се емитува преку радиофреквенција 106.5MHz.

Поради неисполнување на условите утврдени во Јавниот конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одбива Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување дозвола, следствено на тоа донесе и Одлука за неуспешен Јавен конкурс за доделување на дозвола.

Врз основа на констатации од извршени надзори, Советот на Агенцијата на денешната седница изрече три мерки за јавна опомена и тоа:

  • ТРД ТВ АЛСАТ-М Скопје за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ, за емитување прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации;
  • ТРД Телевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ, необележување со сигнализација на програма што содржи пласирање производи и посебно промотивно препорачување на угостителските услуги и производи.
  • ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 5 став 5 од Законот за медиуми, односно недоставување писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио емитување.

 

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе одлука за спроведување на постапка за јавна набавка на услугата: Одржување на веб страниците на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (www.avmu.mk, www.mediumskapismenost.mk и www.rodotimediumite.mk).



Accessibility

Accessibility