Скопје, 23.01.2015- Советот на Агенцијата на денешната седница ги донесе следниве Правилници: Правилник за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Прилог бр.1 Графички приказ на внатрешната организација на Агенцијата – органограм, Правилник за систематизација на работни места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Прилог бр. 1 Табеларен преглед на работните места и звања, Правилник за обезбедување на транспарентност во работењето на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата донесе два Нацрт – Правилнци: Нацрт – Правилник за начинот на објавување на податоците за работењето на радиодифузерите и Нацрт – Правилник за стручно усовршување на вработените во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата донесе Записник од стручен надзор.
Советот на Агенцијата донесе одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ХОМЕ РАДИО ДООЕЛ Скопје.
Советот на Агенцијата ги донесе следниве одлуки за потреба од јавна набавка: Kанцелариски мате-ријали, Тонери за принтер и копир апарати, држување и сервис на компјутерска мрежа и активна мрежна опрема, Одржување и сервис на фотокопир апарати, факс и принтери и одлука за набавка на услуга за миграција на постојната WEB страна и одржување на серверот наменет за хостирање на WEB страната на Агенцијата.