Хроника од 2-та седница

СКОПЈЕ – 20.01.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Ребалансот на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014-та година, со цел да се обезбедат средства за финансиско – осигурителни услуги.

Агенцијата ја прифати Информацијата и ги усвои промените на Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија за периодот од 2014-2016 година и Планот за извршување на внатрешна ревизија за 2014 година.

Агенцијата ја усвои Анализата на судските прекршочни постапки заради утврдување на ефективноста на изречените прекршочни санкции на поведените прекршочни постапки против радиодифузерите.

Агенцијата ја усвои Анализата на сите спроведени мерки, упатени укажувања и известувања од страна на Советот за радиодифузија на РМ против радиодифузерите и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите во периодот од 1-ви јули до 31-ви декември 2013 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 50 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Fine Living.

– на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 51 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: ТВ Чеграни (регионалeн).

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен – дигитален пакет, Потврда бр. 20 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra и IQS Live.

– на ТРД-оператор на кабелска мрежа КРАТЕЛ САТ Виница, Потврда бр. 7 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Алфа ТВ, Наша ТВ и Алсат-М.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, ПодружнициТелекабел – дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола,Свeти Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци,Потврда бр. 25 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Kix Power, Pop Girl и Tiny Pop.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр.23 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra и IQS Life.

– на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр.52 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: ТВ Д1 (регионален) и ТВ Кобра (регионален).

– на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: ТВ Боем (регионален).

 

 



Accessibility

Accessibility