Хроника од 20-та седница

Скопје 02.05.2024г. – На 20-та седница, согласно констатациите од Писмениот извештај на ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за извршен надзор (мониторинг) над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата заклучи да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје на 25 април 2024 година за време на вториот круг од Претседателските избори 2024, пет пати во текот на денот емитуваше повеќе од 4 минути платено политичко рекламирање за кандидатката за претседател – Гордана Силјановска Давкова, поддржана од политичката партија во опозиција – ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на Агенцијата го разгледа Известувањето од ТРД КОМПАНИ 21- М ДООЕЛ Скопје и донесе заклучок да се достави писмено известување до медиумот за наодите од мониторингот на овој програмски сервис од Извештајот за „Претседателски избори 2024 година: Изборното медиумско претставување во првиот круг од изборната кампања – од 4 до 22 април“, при што да се посочи на обврската за почитување на принципите за медиумско известување утврдени во Изборниот законик.



Accessibility

Accessibility