Скопје, 04.06.2015 година – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Стратегија за развој на информатички и комуникациски технологии и акциски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015-2018 година.
Во врска со прекршување на член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе одлуки за констатирано прекршување на овој член од законот од страна на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ОХРИД ДОО Охрид и од страна на Трговското радиодифузно друштво РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.
Донесен е Правилник за изменување на Правилникот за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модем во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.