Хроника од 21-та седница

Скопје, 20.05.2025г. – На 21-та седница одржана на 19.05.2025г., Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, откако радиодифузерот целосно го подмири годишниот надоместок за дозволата согласно доставената фактура. Исто така, покрената е постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга, поради неплатен годишен надоместок за дозволата. Доколку обврската не се подмири, Советот ќе донесе одлука за одземање на дозволата во рок од 15 дена од приемот на Предлогот за покренување постапка.



Accessibility

Accessibility