Хроника од 21- та седница

СКОПЈЕ,04.04.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Нацрт – Записникот од стручен надзор, којшто ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата и сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) ќе можат да ги достават своите мислења, забелешки и сугестии.

Агенцијата ја усвои Информацијата за претставките и барањата од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) поднесени до Агенцијата на ден 31.03.2014 година и 01.04.2014 година и претставката од Илаз Халими, кандидат за претседател на Претседателските избори во 2014 година поднесена на ден 02.04.2014 година, поврзани со мониторингот на изборниот процес во 2014 година. Текстот на одговорите на Агенцијата во врска со поднесените претставки и барања може да се преземат на следниве линкови:

1. Одговор на претставка бр.03-89

2. Одговор на претставка бр. 03-92

3. Одговор на претставка бр. 03-94

4. Одговор на претставка бр. 03-90

5. Одговор на претставка бр.03-93

Агенцијата го усвои Конечниот извештај за извршената ревизија врз процесот за спроведување на прекршочни постапки (од поведување на постапките до добивање правосилна пресуда/решение), доставен од внатрешниот ревизор на АВМУ.

Агенцијата го усвои Одговорот на Барањето на ТРД ТВ СВЕТ ДОО Свети Николе (наш бр.03-1911/1 од 31.03.2014 година) и одлучи доколку не постојат технички, финансиски или други пречки, да прати допис до операторите кои не го ремитуват да почнат со реемитување на ТРД TВ Свет ДОО – Свети Николе.

Агенцијата го одби Приговорот на ТРД Канал 5 ТВ ДООЕЛ Скопје во врска со утврден прекршок на Изборниот законик.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да му издаде потврда за регистрирани програмски пакети на: Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Прилеп, Потврда бр. 30 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: ТВ Вижн – БМ (регионално Д 5).



Accessibility

Accessibility