СКОПЈЕ, 27.03.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите за неизбалансирано медиумско претставување за време на изборната кампања за Локалните избори 2013 година и тоа:
– за ТВ Сонце, ТВ Телма, ТВ Ера и ТВ Канал 5 во првиот круг од изборната кампања (од 4 до 22 март 2013);
– за ЈП Македонска радио телевизија – Прв програмски сервис на Македонско радио, ЈП Македонска радио телевизија – Прв програмски сервис на МТВ и ТВ Сител и во првиот круг (од 4 до 22 март 2013) и во вториот круг од изборната кампања (од 27 март до 5 април 2013);
– на ЈП Македонска радио телевизија – Втор програмски сервис на МТВ, во вториот круг од изборната кампања (од 27 март до 5 април 2013);
Кај сите наведени радиодифузери е констатирано прекршување на член 75 став 5 од Изборниот законик, односно не е обезбеден рамноправен пристап на сите учесници во изборниот процес во изборното медиумско претставување за време на изборната кампања за Локалните избори 2013 година. За стореното прекршување, Советот ќе покрене прекршочна постапка против споменатите радиодифузери. Прекршочна постапка ќе биде покрената и за главните и одговорните уредници.
Во однос на барањето на ТРД Роби ДООЕЛ – Штип, Советот за радиодифузија заклучи сите досега издадени потврди за регистрација како на домашните така и на странските програмски сервиси да се вклучат во една единствена потврда која би важела за територијата на целата држава, односно за оние градови и други населени места каде што операторот има свои подружници.
Воедно, СРД заклучи да се извести операторот Роби ДООЕЛ – Штип да подготви посебно барање за регистрација на програмските сервиси и да го достави заедно со сите потребни документи за ново регистрираните програмски сервиси и сервисите за кои се продолжуваат договорите за реемитување, како и за ново отворените подружници, согласно Правилникот за регистрација на пакетот програмски сервиси на операторите на јавни комуникациски мрежи бр.01-5198/1 од 10.10.2012 год.